02 февруари 2025
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ги критикуваше економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека актуелниот раст на цените и незадоволството на граѓаните се директна последица на нивната неспособност и неделување.
„Знаете ли зошто тогаш немаше протести? Затоа што имаше реална причина за раст на цените – високата инфлација поради Ковид, финансиската и енергетската криза. Но, ние успеавме да ги држиме цените под контрола и да ја субвенционираме цената на струјата, така што граѓаните не го почувствуваа тоа“, истакна Филипче, реферирајќи на времето кога СДСМ беше на власт.
Тој потсети дека во периодот на Владата на СДСМ, беа преземени значајни мерки за заштита на животниот стандард, вклучувајќи континуирано зголемување на платите.
„Минималната плата ја зголемивме трипати, а просечната плата стигна до над 600 евра, што е околу 40.000 денари. Денес, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го запре растот на платите и го остави пазарот без контрола“, рече тој.
Според Филипче, Владата ја оставила економијата во состојба на хаос, дозволувајќи неконтролиран раст на цените и правејќи основните производи поскапи дури и во однос на земјите од регионот.
„Најавените мерки за стабилизација беа само празни зборови. Се остави простор маркетите да ги зголемат цените пред да се воведат било какви регулации. Резултатот е јасен – граѓаните се оставени без заштита, а основните производи значително поскапени“, посочи Филипче.
Тој ја обвини Владата за неделување и заштита на профитерите на сметка на народот.
„Денеска граѓаните организираат бојкоти затоа што се оставени сами на себе, додека Владата молчи. Ова е доказ за нивната целосна неспособност“, заклучи Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

