26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбите со граѓаните во струмичкиот регион испрати остри критики кон актуелната власт, потенцирајќи дека погрешните политики на ВМРО–ДПМНЕ најдиректно ги плаќаат граѓаните.
Филипче нагласи дека единствено СДСМ има организирана структура и политичка енергија за да биде реална алтернатива и да му се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ.
„Само ние сме организирана структура, која сега треба да ги научи грешките од лани, за да излезе на терен и да покаже сила, енергија и волја дека сме подготвени да се бориме“, истакна тој пред жителите на Ново Село, Василево и Босилово.
Во своето обраќање, Филипче нагласи дека во ниту еден сектор нема забележлив напредок. Тој го посочи земјоделството како пример, каде што лозарите, сточарите, оризопроизводителите и тутунарите се оставени без поддршка и со намалени субвенции.
„Во здравството да не зборуваме, во образованието – ништо. Работниците исто така немаат никаква поддршка, цените се на плафон, а Владата само ги мами луѓето со празни ветувања за иднината“, додаде тој.
Филипче направи споредба со времето кога СДСМ беше на власт, истакнувајќи дека тогаш биле спроведени политики што ја подобриле состојбата на граѓаните.
„Ние немавме лоша политика во ниту еден сектор. Социјалната помош ја зголемивме за 300%, минималната плата ја дуплиравме, ги зголемивме платите. Во здравството, образованието, стопанството имавме контрола, а кризите ги пребродивме заедно со граѓаните“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ ја испрати пораката дека сегашната влада на ВМРО–ДПМНЕ нема интерес за луѓето, а единствено СДСМ е тој кој може да ја врати борбата за граѓаните и нивните интереси.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

