03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше актуелната власт поради, како што рече, измамите кон пензионерите. Тој истакна дека 97% од нив добиле само по 1.000 денари зголемување на пензијата, наместо двојно повеќе.
Филипче потсети дека ова не е првпат граѓаните да се чувствуваат изневерени:
„После работниците на кои три месеци по ред им се намалува просечната плата. После лекарите кои не добија ниту денар зголемување. После земјоделците кои останаа без субвенции и семејствата што не видоа зголемување на социјалната помош – сега и пензионерите сфатија дека се излажани,“ рече тој.
Тој подвлече дека доколку останеше методологијата воведена од СДСМ, пензионерите денес ќе имаа двојно поголем раст на примањата:
„Да останеше нашиот систем за зголемување на пензиите, 97% од пензионерите наместо 1.000 ќе земеа 2.000 денари повеќе.“
Филипче предупреди дека со воведувањето на линеарното зголемување на пензиите сериозно се загрозува стабилноста на Пензискиот фонд.
„Дупката која беше 30% сега е 50%. Тоа значи дека половина од парите за исплата на пензиите ги покрива државата. Во 2017 година ја затекнавме таквата дупка и постепено ја намаливме на 30%. Имавме систем кој го зајакнува фондот и гарантираше стабилност,“ изјави лидерот на СДСМ.
Тој додаде дека и сегашното зголемување е без ефект поради инфлацијата:
„Овие 1.000 денари се веќе изедени од инфлацијата. Пензионерите едноставно нема да почувствуваат ништо. Се покажа уште една лажна кампања.“
Филипче подвлече дека не е работа на власта да ги прелаже граѓаните, туку да им понуди вистински решенија:
„Работата е да им кажеш како се работи во нивна корист и во интерес на државата,“ порача тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден