18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за одржување надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија која треба целосно и независно да ја испита трагедијата што се случи во „Пулс“ во Кочани. Ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на неговиот Фејсбук профил.
Филипче информира дека на денешната координација на пратеничката група и раководството на партијата било утврдено дека овие чекори се неопходни за расветлување на случајот.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во ‘Пулс’, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања“, напиша Филипче.
Тој додаде дека преку оваа иницијатива ќе се провери постапувањето на сите надлежни институции, ќе се утврди евентуална политичка одговорност и ќе се подготват идни мерки за спречување на вакви трагични настани.
„Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание“, стои во неговата објава.
Со предложената анкетна комисија, СДСМ очекува да се обезбеди транспарентна и темелна истрага, како и да се донесат препораки што ќе спречат повторување на вакви трагедии во државата.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

