01 мај 2025
• од Вардарски
По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите работници и ја нагласи определбата на неговата партија кон заштита на работничките права.
„1 Мај е ден кога го славиме трудот и достоинството на секој човек што создава, гради, образува, лекува, се жртвува за своето семејство и за нашата земја,“ истакна Филипче. Тој додаде дека како човек секогаш чувствувал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред, а како претседател на СДСМ, неговата обврска е таа почит да се претвори во конкретни политики за поддршка на работниците.
Филипче потсети дека СДСМ, и додека беше на власт и денес во опозиција, останува доследен на вредностите на социјалната правда. „СДСМ отсекогаш стоел на страната на работниците. Додека бевме на власт, се боревме за покачување на платите, за подобри услови за работа, за сигурност и почит кон секој работник. Сега, и во опозиција, продолжуваме со таа борба,“ порача тој.
Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата ќе продолжи со борбата за фер плати, сигурни работни места и почитување на трудот. „Кога сме заедно, кога сме гласни и истрајни — можеме да направиме промени. Овој ден нека не ни биде само празник. Нека биде потсетник дека секој што работи заслужува достоинствена плата, време за семејството и глас што се слуша. Честит 1 Мај!“, заврши Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

