27 мај 2025
• од Вардарски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата 360 степени остро ја критикуваше актуелната Влада, оценувајќи дека таа одамна го изгубила легитимитетот и ја игнорира реалноста со која секојдневно се соочуваат граѓаните на Македонија.
„Сметам дека владата нема легитимитет одамна, веќе од пред неколку месеци кога стана јасно дека воопшто не се заинтересирани и лошо ги менаџираат сите проблеми“, изјави Филипче, посочувајќи дека економијата е „девастирана“, а стандардот на граѓаните „руиниран“.
Според него, цените во државата се надвор од контрола, а граѓаните сè потешко ги задоволуваат основните потреби. „Луѓето не може крај со крај да врзат. Луѓето не можат една кошничка да купат и да пополнат“, предупреди тој.
Филипче оцени дека актуелната власт функционира во целосна изолација од проблемите на обичниот човек. „Очигледно е дека се затворени во некој меур, гневот на граѓаните не го слушаат“, истакна лидерот на СДСМ, додавајќи дека, за разлика од нив, тој останува во постојана комуникација со граѓаните и нивните секојдневни предизвици.
Како алтернатива, тој ја нагласи политиката што ја нуди СДСМ – отвореност, транспарентност и реална, аргументирана критика. „Патот веќе тргнавме да го одиме – патот на искреност, сериозен пристап и решенија засновани на реалноста. Ние разговараме за реалните проблеми на граѓаните и им нудиме реални и изводливи конкретни решенија“, порача Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

