23 мај 2025
• од Вардарски
По повод Националниот ден на Власите, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до припадниците на влашката заедница, истакнувајќи го нивниот историски и културен придонес како суштински елемент во изградбата на македонското мултикултурно општество.
„На сите припадници на влашката заедница им го честитам денешниот Национален ден на Власите. На овој ден оддаваме почит и признание на влашкиот народ, на нивната истрајност, култура и традиција“, изјави Филипче во официјалното соопштение.
Тој потсети дека Власите низ историјата дале значаен придонес во најважните моменти за државата – од борбите за слобода и независност, до денешната изградба на праведно и демократско општество. Според него, нивниот јазик, обичаи и традиции се нераскинлив дел од културниот мозаик на Македонија.
„Упатувам искрена благодарност до сите припадници на влашката заедница за нивната активна улога во изградбата на нашето заедничко и праведно општество, водено од вредностите на меѓусебно почитување, доверба и единство“, нагласи Филипче, посакувајќи среќен празник на 23 Мај – Националниот ден на Власите.
Овој ден традиционално се слави со културни манифестации, на кои се истакнува богатото историско и културно наследство на влашката заедница, една од најстарите етнички групи во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

