07 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во вистинска филмска сцена со полициска потера и пукање, синоќа во Скопје беа лишени од слобода двајца осуденици кои се обиделе да избегаат од полициска патрола. Настанот се случил на 6 октомври 2025 година, околу 20:20 часот, кога полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план на СВР Скопје, ги запреле Н.А. (45) и А.Ј. (23) – двајцата од Скопје.
Според полицискиот билтен, лицата биле осуденици кои во моментот се наоѓале на отпуст од Казнено-поправната установа Идризово. Тие управувале со патничко возило „Ренџ Ровер“ по улицата „Панче Неделковски“ кога одбиле да застанат на даден знак од полициска патрола. Наместо тоа, се дале во бегство, по што започнала координирана полициска потера низ градот.
Потерата продолжила кон обиколницата, а потоа кон регионалниот пат Скопје–Велес. Возилото било стигнато во близина на населбата Нова Колонија, каде возачот на „Ренџ Роверот“ во два наврати намерно удрил во полициското возило „Мазда“ во обид да избега. Еден од полициските службеници испукал предупредувачки куршуми во воздух, но бегалците не застанале, по што возилото излетало од патот и завршило во ендек.
По кратка интервенција, двајцата бегалци биле лишени од слобода. Во возилото биле пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила. Полицијата го документира случајот, а против Н.А. и А.Ј. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден