07 април 2025
• од Гоце Кически
Денеска, веднаш по отворањето на Македонската берза, се случи значителен пад на акциите на повеќето компании на берзата, предизвикан од новите царини што ги воведе САД и овој финансиски удар веќе се чувствува и во македонската економија.
Најголем удар претрпеа големите компании како МПТ (Македонска пошта и телекомуникации), чија цена на акцијата падна за 5,83%, додека Комерцијална банка (KMB) забележа пад од 5,59%, со најголем промет од над 14 милиони денари.
Акциите на Алкалоид (ALK) исто така се намалија за 4,45%, што дополнително ја влоши сликата на берзата.
Падови беа забележани и кај други водечки компании:
Според финансиски аналитичари, овој ненадеен пад е директна последица на новите трговски мерки од САД, кои ги зголемуваат трошоците за извоз и увоз на производи.
Македонската влада сè уште нема официјално соопштение.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

