04 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во раните утрински часови, околу 05:00 часот, на бензинска пумпа на подрачјето на Карпош во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир поради физичка пресметка меѓу пет лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), во инцидентот учествувале две групи од млади лица:
од едната страна биле А.М. (23), Ј.Б. (22) и Т.Н. (24), а од другата страна Х.Ш. (19) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје.
По интервенција на полицијата, бил приведен А.М. (23), а против него и останатите учесници ќе биде поднесен соодветен поднесок по целосно документирање на случајот.
Од МВР најавуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на мотивите кои довеле до физичката пресметка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

