22 април 2025
• од Вардарски
На регионалниот пат Кичево-Битола во понеделникот попладне се случил несекојдневен инцидент, кога по претходна расправија дошло до физичка пресметка помеѓу мајка и нејзината малолетна ќерка.
Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Охрид, на 21 април 2025 година, во 17:05 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека во близина на регионалниот пат, по вербална расправија, настанала тепачка помеѓу И.С. (36) и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Засега не се познати причините за расправијата, ниту дали некоја од двете учеснички во инцидентот има посериозни повреди.
Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а јавноста е запрепастена од ваквиот семеен конфликт кој се одвивал на јавен простор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

