22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Физичка пресметка меѓу две групи била регистрирана изминатава ноќ во Неготино, откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект. За инцидентот денеска попладне информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.
Според информациите од полицијата, настанот се случил во периодот од 20:10 до 00:10 часот, во ноќта меѓу 21 и 22 септември 2025 година. Девојката И.Б. (25) од селото Криволак, неготинско, пријавила дека во угостителски објект во градот била физички нападната од Д.Т. (21) од Неготино.
По пријавата, дошло до физичка пресметка меѓу две групи лица, во која учествувале повеќе млади од Неготино.
Полицијата од ОВР Неготино ги привела следниве лица:
Сите се од Неготино и биле лишени од слобода во текот на ноќта.
Приведените биле спроведени во полициската станица во Неготино, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител. Од СВР Велес информираа дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на околностите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

