01 февруари 2025
• од Вардарски
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои наводно се гледа Васил Јованов како користи мобилен телефон во затворот во Шутка. Засега, не е потврдено дали фотографиите се автентични, ниту дали навистина се снимени во затворските простории.
Васил Јованов е 20-годишен жител на Скопје, кој неодамна беше приведен поради сообраќајна несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. Според информациите, Јованов управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло кога ја усмртил Кулакова. Претходно, тој бил осуден за неовластено производство и продажба на наркотични средства, при што му била изречена воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

