08 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, за време на Форумот во Доха 2025. На средбата, како што информира Гаши, се разговарало за значењето на јакнењето на меѓународниот дијалог како неопходен предуслов за глобална стабилност и одржлив развој.
Гаши истакна дека има високо почитување за долгорочниот ангажман на Клинтон во американската надворешна политика, како и за нејзиниот придонес во унапредувањето на заедниците ширум светот.
„За време на работата на Форумот во Доха 2025, имав средба со г-ѓа Хилари Клинтон. Разговаравме за важноста од зајакнување на меѓународниот дијалог во функција на стабилноста и глобалниот развој. Го истакнав нејзиниот долгогодишен придонес во надворешната политика и во унапредувањето на заедниците. Нагласив дека силните и пријателски односи со САД остануваат клучен столб за безбедноста и долгорочниот развој на нашата држава“, изјави Гаши.
Средбата е оценета како потврда на континуираното партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, особено во контекст на актуелните геополитички предизвици и потребата од засилена меѓународна соработка.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

