06 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во новото издание на подкастот „Кавга со Иван“ на Канал 5, генерал Горан Стојков, бранител и учесник во конфликтот од 2001 година, отворено проговори за спорните улоги на поединци и странски фактори во настаните од тогашниот вооружен конфликт. Стојков тврдеше дека дел од командниот кадар на Ослободителната национална армија (ОНА) бил организациски и финансиски поддржан од разузнавачка служба од соседна држава.
Генералот објасни дека не сака директно да обвинува, но сепак потврди дека зборува за Србија.
„Не сакам да обвинувам директно… но да, алудирам на Србија“, изјави тој во подкастот, нагласувајќи дека неговите тврдења се базираат на тогашните информации, анализи и достапни материјали.
Стојков неколкупати повтори дека зборува со почит за нивниот разузнавачки систем и дека неговата оценка е позитивна:
„Они имаат една генијална служба. Разузнавачка, контраразузнавачка – генијална, позитивна, добра, квалитетна за нивната држава. Јас во суперлативи го зборувам тоа.“
Според него, Србија располага со добро организирана и професионална служба која, како што рече, „се грижи за нивната држава“ и дејствува во согласност со нејзините интереси.
Генералот потврди дека постоеле оперативни сознанија дека странска служба од соседството учествувала во поддршка на структури од ОНА во текот на конфликтот:
„Тоа што го направија во ОНА, во тоа време, организационо и финансиски беше поддржано од иностранска служба, наш сосед.“
На прашањето дали постојат цврсти докази, Стојков истакна дека освен разговори и информации, имало и фотографски материјали, додавајќи дека „муабети има многу“, но и документи што упатуваат на надворешно влијание.
Во завршниот дел од разговорот, генерал Стојков се наврати на последиците од конфликтот, алудирајќи дека странските интереси имале значајна улога во развојот на настаните, додека Македонија претрпела суштински загуби.
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

