14 април 2025
• од Гоце Кически
По трагедијата што неодамна го погоди македонскиот град Кочани, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, изрази силна поддршка и сочувство кон народот на Северна Македонија. Во својата изјава, Георгиев истакна дека помошта која ја пружила Бугарија била искрена и човечка, без никакви политички калкулации.
„Сè што направивме, го направивме од срце, без барање на политички поени“, рече Георгиев. „Политичарите се исто така луѓе, и ако оваа трагедија оставила некаков човечки отпечаток врз нив, сум сигурен дека тоа ќе се покаже и во нивните идни постапки.“
Тој нагласи дека Бугарија реагирала по совест, водејќи се од вредностите на солидарност и цивилизираност. „Не само затоа што сме соседи, не само затоа што сме братски народи, туку затоа што таму имаше луѓе во потреба кои не можевме да ги игнорираме“, додаде Георгиев.
Министерот изрази и лична емоција за реакцијата на бугарскиот народ: „Реакцијата на мојот народ, на мојата држава, ме прави горд што сум Бугарин.“
Изјавата на Георгиев доаѓа во време кога двете земји се обидуваат да ги подобрат односите и да изградат нови мостови на разбирање и соработка. Помошта од Бугарија беше поздравена од граѓаните и институциите во Северна Македонија, како чин на вистинска солидарност и добрососедство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

