26 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Дваесет и двегодишна жена од Гостивар стави крај на долгогодишниот молк и пријави во полиција дека континуирано била жртва на физичко и психичко малтретирање од страна на нејзиниот партнер, Б.И. од истиот град.
Како што е наведено во пријавата која жртвата ја поднела во четвртокот во ОВР Гостивар, семејното насилство траело подолг временски период. Според нејзиниот исказ, пред три години партнерот ѝ нанел тешка телесна повреда, а физичкото малтретирање не престанало. Последниот инцидент бил регистриран на 18 јуни оваа година, кога пријавениот повторно физички ја нападнал и упатил сериозни закани кон неа, како и кон нејзин пријател.
Поради сериозноста на пријавата, полицијата брзо реагирала. По добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на насилникот. При претресот, во домот била пронајдена ловечка пушка. Според првичните информации, оружјето му припаѓало на неговиот починат татко и за истото постоела соодветна дозвола.
Од СВР Тетово информираат дека полицијата интензивно работи на случајот и се преземаат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветните законски поднесоци.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

