25 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче, во своето денешно обраќање во Собранието покрена дебата за заштитата и промоцијата на македонската музика и култура во јавниот простор. Покрај културните прашања, тој упати и остри критики за неодамнешната одлука на Уставниот суд поврзана со преименувањето на улиците во Тетово.
Снопче истакна дека државните институции мора да вложат многу повеќе труд во промоцијата на домашната музичка сцена. Како илустрација ја посочи ситуацијата во Гостивар, забележувајќи дека музиката од Србија и од просторот на поранешна Југославија е апсолутно доминантна на местата каде што излегува македонската младина.
„Во секое кафуле во Гостивар каде што седат младите Македонци и Македонки се слуша српска музика. Ние немаме македонски пејачи? Дури и на Макфест настапувале пејачи од поранешна Југославија кои пееле на српски јазик. Дури и песните на Тоше Проески често се пуштаат на српски. Треба да се работи во таа насока“, апелираше пратеникот од собраниската говорница.
Во вториот дел од своето излагање, Снопче се осврна на Уставниот суд кој неодамна ја укина одлуката на Советот на Општина Тетово од 2007 година, со која се регулираше преименувањето на улици, плоштади и други објекти во градот.
Според пратеникот, ваквата судска одлука има силна политичка димензија. Тој директно ја критикуваше Владата поради нејзината пасивност, односно за недоставувањето официјално мислење во текот на судската постапка.
Снопче оцени дека извршната власт има обврска активно да ги охрабрува општините да преземаат иницијативи кои вистински ќе го рефлектираат мултиетничкиот карактер на локалните средини, заштитувајќи го културниот идентитет на сите граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

