TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните со празни раце: За првпат повеќето не ги добија парите од „Мој ДДВ“

28 ноември 2025

• од Станча Јаќимовски

Заврши рокот за кварталната исплата на средствата од апликацијата Мој ДДВ, но голем дел од граѓаните останаа без очекуваниот поврат. За првпат од воведувањето на мерката, мнозинството корисници не ги добија средствата, што предизвика револт и чувство на несигурност кај семејствата, пензионерите и младите.

Апликацијата МојДДВ е една од ретките државни мерки што директно враќа пари кај граѓаните преку скенирање фискални сметки. Повратот се однесува на последниот пресметковен период (јули, август и септември 2025 година), а исплатата претходно најдоцна се вршеше до 10-ти во месецот.

По преземањето на власта од партијата ВМРО-ДПМНЕ, рокот се продолжи до крајот на месецот, но и тој лимит беше надминат. Сè уште нема официјална потврда кога и дали средствата ќе бидат исплатени од 1 декември 2025 година.

Од Управата за јавни приходи информираа дека до вчера се исплатени 552 милиони денари, а дополнителни 370 милиони денари се, наводно, веќе подготвени за исплата. Директорката Елена Петрова изјави дека можно е кај дел од граѓаните да има технички застои, особено поради невалидни трансакциски сметки.

Но, корисниците што не ги добиле парите тврдат дека тоа не е точен аргумент. Дел од нив потенцираат дека досега редовно добивале поврат, немале никаков проблем со сметките и дека редовно ја ажурираат апликацијата на своите мобилни телефони.

Незадоволството расте

Реакциите од граѓаните се гласни и разочарани.

„Срамота! Иако не станува збор за голема сума, тие 2.100 денари ги тргам и штедам за моите деца. Со мизерните плати не можеме ништо да заштедиме, а сега и тие не ги дадоа. Не знам кај тераат,“ вели Александра, мајка на две деца.

Драган, пензионер, смета дека државата свесно го уназадува квалитетот на животот:
„Се плашам дека ќе ја укинат и оваа единствена поволност. 1.500 до 2.000 денари добро ни доаѓаа. Барем да платам сметка.“

Својата разочараност ја сподели и Петар, студент од Скопје:
„Не дека се многу, ама зошто да не им ги дадат на луѓето? Толку се испокраде во државата, и ова остана да ни го „украдат“.“

Колкав е вистинскиот бенефит?

Граѓаните во еден квартал може да добијат поврат на ДДВ до 2.100 денари. Доколку четиричлено семејство редовно скенира сметки, може да направи поврат и до 8.400 денари по квартален период.

За македонски производи, повратот изнесува 20 проценти од пресметаниот ДДВ, а за увезени производи 10 проценти.

Рокови и претходни исплати

Според законските регулативи, исплатата на повратот преку апликацијата МојДДВ се врши во рок од 60 дена по крајот на кварталот.

Во однос на претходниот квартал, од УЈП потврдија дека вториот квартал од 2025 година (април–јуни 2025) е успешно исплатен. Тогаш, на 502.983 корисници им беа префрлени вкупно 881.020.500 денари, односно 14.324.725 евра.

Дали следи укинување на мерката?

Во официјален допис до УЈП пред 20-тина дена со прашање дали се планира укинување на Мој ДДВ, одговор не беше добиен – ниту потврда, ниту демант.

Неизвесноста останува, а граѓаните стравуваат дека непочитувањето на роковите може да стане правило, а не преседан. Довербата во институциите дополнително се нарушува, додека илјадници корисници чекаат одговори и своите заштедени средства.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега