07 март 2025
• од Вардарски
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска го одбележа Денот на учителот во селото Гајре, при што на настанот не беше истакнато ниту едно македонско знаме. Касами на својот Фејсбук профил објави дека наставата во Гајре од сега ќе се одвива во една смена, што претставува чекор напред за подобрување на образованието и обезбедување подобри можности за учениците.
Сепак, на фотографиите споделени од настанот се забележува отсуство на македонското знаме, што претставува прекршување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Според законот, етничките заедници можат да го истакнуваат своето знаме на настани и празници, но само во придружба на македонското државно знаме, при што односот на големината треба да биде 3:1 во корист на државното знаме.
Ова не е првпат во Тетово да не се почитува овој закон, што отвора прашања за спроведувањето на законските одредби и почитувањето на државните симболи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

