24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Улиците на македонската метропола се претворија во мини депонии. Контејнерите се преполни, отпадот се разлева по тротоарите, смрдеата е неподнослива, а пешаците едвај се пробиваат низ купиштата ѓубре. Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае, глетката е идентична – градот е задушен од сопствениот отпад.
Жителите на Скопје алармираат дека состојбата трае со денови. Според нив, град што треба да биде модерна метропола е претворен во отворена депонија. На социјалните мрежи се појавуваат коментари како: „Скопје навистина не заслужува вакво понижување. Но, очигледно, ѓубрето си има свои заштитници“.
Голем дел од граѓаните сведочат дека пешачките патеки се блокирани, а некои булевари изгледаат како ѓубришта. Миризбата што се шири е уште еден доказ за колапсот на системот за одржување на јавната хигиена.
Прашањето кое најчесто се поставува е: што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Додека дел од контејнерите се преплавени од отпад, други остануваат празни, оставајќи впечаток на недоследност и нефункционалност.
Институциите пак, меѓусебно ја префрлаат одговорноста. Едни велат „не е наша надлежност“, други ветуваат дека проблемот ќе се реши, но решението не доаѓа. Во меѓувреме, секојдневието на скопјани е исполнето со слики и мириси на хаос.
Ситуацијата ја симболизира натписот „Град заложник на ѓубре! И ѓубриња“. Тоа не е само коментар, туку сурова реалност која го погодува Скопје. Градот, кој треба да биде лице на државата, станува заложник на сопствениот отпад, на институционалната немоќ и на нефункционалниот систем за управување со јавната хигиена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

