06 мај 2025
• од Вардарски
На 5 мај 2025 година, околу 12:45 часот, полициски службеници на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, го лишија од слобода 30-годишниот Г.К. од Република Грција.
При извршена гранична проверка и контрола на патничко возило со холандски регистерски таблички, кое го управувал осомничениот, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки. Веднаш бил известен јавен обвинител, а лицето било спроведено во Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против осомничениот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

