27 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Преполни контејнери и расфрлано ѓубре се секојдневна слика во главниот град, а скопјани со недели сведочат на хаос во системот за собирање комунален отпад. Наместо решение, надлежните институции се впуштија во меѓусебни обвинувања и кривични пријави.
Општина Аеродром поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ за загрозување на животната средина, откако десет дена отпадот не бил подигнат од повеќе локации во општината. Пријавата е поднесена врз основ на член 230 став 1 и став 6 од Кривичниот законик, каде се наведува дека „несобирањето на сметот во и околу контејнерите директно ја загадува средината во која се движат граѓаните“.
Ова не е прв судир меѓу општината и претпријатието – пред неколку месеци, Аеродром изрече прекршочна казна од 88.000 евра заради несоодветно собирање на отпад и негрижа за јавната хигиена.
Кривична пријава против „Комунална хигиена“ поднесе и Град Скопје, насочена кон претседателката на Управниот одбор, Јулијана Спироска. Во образложението се наведува дека „од 2022 година до денес, поради активностите на Спироска, претпријатието континуирано не ја одржува хигиената на подрачјето на Скопје“.
Додека институциите се обвинуваат меѓусебно, дел од општините решија самостојно да интервенираат. Така, општина Центар веќе со месеци секојдневно го собира сметот, расчистува мини-диви депонии и ги мие улиците.
Во меѓувреме, скопјани остануваат заробени меѓу несанитарните услови и институционалните препукувања, барајќи брзо и трајно решение за еден од најгорливите проблеми во градот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

