10 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Граѓаните на Скопје кои секојдневно го користат јавниот превоз се сè понезадоволни од услугите што ги добиваат. Нивните реакции укажуваат на хронични доцнења, нередовни линии и лоша организација, кои предизвикуваат проблеми во секојдневните обврски.
Патниците сведочат дека автобусите на одредени линии често доцнат или воопшто не пристигнуваат. „Во последно време, ништо не функционира. Линиите 19 и 20 често ги нема, додека другите поминуваат. Најдолго сум чекал на станица еден час и половина, дури и два часа“, изјави еден граѓанин.
Други додаваат дека проблемот е општ, без оглед на линијата. „Линиите 19, 20 и 9 ги чекаме најмногу, но и другите не се ништо подобри. Чекаме по половина час, понекогаш и повеќе од еден час. Кога нема автобус, продолжуваме пеш. Ништо друго не ни останува, само се надеваме дека конечно ќе се среди ситуацијата“, рече една скопјанка.
Проблемите со јавниот превоз создаваат сериозни потешкотии за граѓаните кои зависат од автобусите за да стигнат на работа, во училиште или на други обврски. „Незадоволство во целост, ова е неверојатно. Автобусите доцнат, не се точни, се ретки... Најчесто ја користам линијата 16 кон Пржино, и многупати сум задоцнила на работа поради тоа“, истакна уште една жителка на градот.
Граѓаните бараат од надлежните институции и од јавните транспортни претпријатија да преземат конкретни мерки за подобрување на редовноста и ефикасноста на јавниот превоз. Нивните апели се едноставни – да се врати довербата во системот кој треба да биде основен сервис за секој жител на главниот град.
Почина 16-годишникот кој со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден