23 септември 2025
• од Гоце Кически
Отворањето на изложбата „Меморијали од Првата светска војна во фондовите и збирките на Архивот на Југославија“ во Скопје повторно ја отвори старата рана: кој навистина има право да ја пишува историјата на македонската земја и нејзините луѓе?
Под маската на „култура на сеќавање“, српските институции ја промовираат сопствената жртвеничка нарација, додека ја игнорираат вистината: по Првата светска војна Македонија не доби слобода, туку ново ропство – под Кралството на СХС, а потоа под Кралството Југославија. Токму тие што денеска бараат почит за своите „солунци“, се истите кои тогаш воведоа систематска политика на денационализација, асимилација и забрана на јазикот и идентитетот на населението.
Меморијалите, спомениците и изложбите се претставуваат како „универзална почит кон жртвите“. Но зад тие гранитни обележја стои цинична историска вистина: додека во Северна Македонија се креваа крстови за српските војници, населението беше подложено на полициски терор, затвори, протерувања и србизација.
Се поставува прашањето: дали овие „споменици на сеќавањето“ се навистина симболи на мир и соработка, или се продолжение на еден вековен проект за симболично присвојување на македонскиот простор и историја?
Историјата не може да се брише со изложби и гланцирани каталози. Додека српските архиви слават „жртви“, македонскиот народ треба да се потсети дека цената на таа „жртва“ била плаќана со неговата слобода и идентитет. И токму затоа, денес – кога повторно се наметнуваат туѓи наративи – потребно е гласно да се каже: меморијалите може да бидат камен, но вистината не е врежана во нив.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

