08 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Две лица од Дебарскиот регион се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за тешки кривични дела — „грабнување“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, пријавите се поднесени против А.Л. (26) од селото Џепиште, осомничен дека ги извршил двете кривични дела, и против Е.В. (18) од селото Отишани, осомничен за соучесништво во грабнување.
Настанот се случил на 6 ноември 2025 година околу 19 часот. Двајцата осомничени насилно ја извлекле 30-годишната жена од дворот на нејзиниот дом во село во Дебарско и ја внеле во возило марка „Ауди“, управувано од Е.В. Потоа се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга.
Во зградата, според полициските наводи, А.Л. физички ја нападнал жената, која изгубила свест, а потоа бил извршен и полов напад.
По нападот, двајцата ја однеле жртвата во Општата болница во Струга, каде побарале лекарска помош за неа. Таму биле идентификувани и пронајдени од полицијата.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека двајцата осомничени се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

