08 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Револтот на жителите од скопската општина Аеродром не стивнува, дури ни за време на националниот празник. На Денот на независноста, тие повторно излегоа на протест, решени да го кренат својот глас против загадувањето што доаѓа од дивата депонија Вардариште.
Попладнево, граѓаните по четврти пат ја блокираа клучната раскрсница меѓу булеварите АСНОМ и Србија. Протестот започна во 18 часот, кога жителите се собраа на мирен начин, но со јасна порака до институциите – проблемот со загадениот воздух и неподносливата миризба е поважен од сите свечености и празнувања.
Серијата протести започна во петокот, како реакција на пожарот што избувна на Вардариште пред повеќе од една недела. Иако пожарот е ставен под контрола, последиците и натаму се чувствуваат – чадот и непријатната миризба континуирано го загадуваат воздухот во источниот дел од Скопје.
Жителите на Аеродром се децидни дека нема да запрат со блокадите. Тие најавија дека секојдневно ќе излегуваат на улица во 18 часот, сè додека градските и државните власти не преземат конкретни и трајни мерки за решавање на овој долгогодишен еколошки проблем.
„Не сакаме празни ветувања, сакаме чист воздух и трајно решение за Вардариште,“ порачуваат демонстрантите, додавајќи дека здравјето на нивните семејства е загрозено и дека немаат намера да се повлечат.
Нема бесплатен влез во ЕУ – нови правила за патување, потребен и документ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден