македонија14 февруари 2025 И Ромите во Македонија побараа нивниот јазик да стане официјален
Ромскиот јазик да биде прогласен за официјален во Репбулика Македонија побараа „Демократските сили на Ромите“, најголемата ромска партија во земјата.
Според неа штом албанскиот јазик може да биде прогласен за официјален, истото треба да се случи и со ромскиот јазик, бидејќи ромското малцинство е второ по големина по албанското.
Лидерот на партијата Шабан Салиу вели дека ромската заедница е изненадена од односот на меѓународната заедница, на одделни амбасада и невладини организации, фаворизирање одделни етноси во земјата и дискриминирање на други.
Тој имаше предвид фаворизирање на албанското малцинство. Според него Република Македонија е држава на Македонците, Албанците, Ромите и сите етнички малцинства, а нејзината унитарност треба да се почитува, за да има правда.