24 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Интер ИКЕА Груп, глобалниот носител на франшизата ИКЕА, ги демантираше шпекулациите за можен влез на познатиот шведски бренд на македонскиот пазар. Од компанијата информираат дека во моментов не постојат конкретни планови за отворање ИКЕА продавници во Македонија.
„Интер ИКЕА Груп континуирано ги разгледува можностите за раст на нови пазари, но заклучно со денес нема планови за отворање ИКЕА во Македонија“, се наведува во официјалниот допис доставен до медиумите.
Со ова соопштение, компанијата ги отфрли неодамнешните медиумски информации и шпекулации кои сугерираа дека ИКЕА наскоро би можела да започне со работа во земјава. Од Интер ИКЕА Груп додаваат дека сите идни одлуки за проширување ќе бидат навремено и транспарентно соопштени до јавноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

