03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип, кои се очекува да пристигнат во текот на следната недела. Вакцинацијата ќе започне во втората половина на октомври, како што традиционално се спроведува секоја година.
Оваа година е обезбеден најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија.
Министерството нагласува дека бесплатната вакцинација е наменета за ризичните категории на население, меѓу кои:
Според Министерството за здравство, вакцинацијата против сезонски грип останува најефикасна превентивна мерка која спречува појава на потешки форми и компликации, особено кај најризичните групи од населението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден