25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На 22 август 2025 година, во 22:55 часот, во СВР Скопје бил пријавен тежок инцидент кој се случил претходно истиот ден на подрачјето на општина Аеродром.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 41-годишниот скопјанец М.Д. пријавил дека околу 18:40 часот бил нападнат од три непознати лица.
Според пријавата, напаѓачите со употреба на сила го внеле во казино, каде што продолжиле со физички напад врз него. Засега не е познато каква е причината за нападот, ниту дали станува збор за претходни пресметки или друг мотив.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека веднаш по пријавата се преземени мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Надлежните служби работат на идентификување на напаѓачите и утврдување на сите околности околу инцидентот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

