17 јануари 2025
• од Вардарски
Инспекторите од ДСЗИ се на терен, вршат вонреден надзор за смртта на деветгодишното момче од Свети Николе кое почина во вторникот. Ја проверуваат медицинската документација на три места каде детето било лекувано – кај матичниот лекар, во штипската Клиничката болница и на Детската клиника во Скопје.
Во текот на вчерашниот ден од штипската болница информираа дека детето било донесено во многу тешка здравствена состојба, по извршените лабораториски и компјутерски иследувања со брза помош било транспортирано во Скопје.
И од Детската болница потврдија дека детето кај нив починало два часа по приемот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

