21 јануари 2025
• од Вардарски
До почетокот на второто полугодие од учебната 2024/2025 година, 74 ученици од тетовските основни и средни училишта побарале исписници и заминале во странство. Според податоците од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, 57 ученици се испишале од основните училишта, а 17 од средните. Најмногу испишани ученици има од основните училишта „Наим Фрашери“ (18 ученици) и „Истигбал“ (17 ученици). Исто така, забележани се испишувања и од училиштата во планинските села на општината. Иако оваа учебна година бројот на испишани ученици е помал во споредба со минатата година, кога заминале 100 ученици, сепак, ваквото намалување создава значителни проблеми за општината и државата.
Слични трендови на иселување на ученици се забележани и во други градови. Во Куманово, во учебната 2022/2023 година, се отпишале 235 ученици, од кои 182 се преселиле во странство.
Во Штип, второто полугодие од учебната 2022/2023 година започна со 80 ученици помалку, кои побарале отпишување поради заминување во странство.
Овие податоци укажуваат на континуиран тренд на иселување на ученици и нивните семејства од различни делови на земјата, што претставува сериозен предизвик за образовниот систем и локалните заедници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

