29 април 2025
• од Вардарски
Заменик министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Астрит Исени, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, неговата екселенција г. Жељаско Радуков.
Средбата беше во знак на потврда на добрососедските односи меѓу двете земји и на континуирано унапредување на соработката, особено во областа на внатрешните работи. Исени и Радуков заеднички ја оценија соработката меѓу Министерствата за внатрешни работи како исклучително успешна и професионална, при што беше истакнато дека во институциите на двете држави работат високо стручни и посветени кадри.
Особен акцент на средбата беше ставен на можностите за понатамошно унапредување на веќе воспоставената плодна соработка. Соговорниците разговараа и за продлабочување на билатералните договори и интензивирање на оперативната координација помеѓу двете министерства. И двајцата изразија подготвеност и отвореност за нови иницијативи кои ќе придонесат за поголема ефикасност и безбедност во регионот.
Дополнително, на средбата се дискутираше и за важноста од координирана соработка во рамките на меѓународните организации и регионални иницијативи, како алатки за градење стабилен, безбеден и просперитетен Балкан.
Средбата беше оценета како конструктивна и во духот на заемно почитување и заедничка заложба за унапредување на регионалната безбедност и стабилност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

