26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во интервју за бугарскиот портал Actualno, историчарот и издавач Димитар Димитров зборува за настаните поврзани со појавата и развојот на македонизмот. Тој посочува дека теоријата на македонизмот започнува со обидот да се искоренат бугарските културни и духовни корени во Македонија.
Првата задача на новите власти по Втората светска војна била протерување на бугарските учители и свештеници. Кога тоа не успеало целосно, Јосип Броз Тито одлучил да создаде Македонска народна република во рамките на Југославија. Со самото постоење на републиката било неопходно да се прогласи и постоење на македонци и македонски јазик.
Овој процес интензивно започнал по 1944 година. Користена била и околноста што бугарската војска тогаш се нашла на страната на Германија. Следувал крвавиот настан познат како „Крвава Коледа“, кога биле убиени многу Бугари кои ѝ помагале на бугарската армија. Паралелно со тоа започнала и силна пропаганда од страна на нарачани македонски историчари и медиуми против Бугарија – слика што, според Димитров, опстојува до денес.
Во разговорот, Димитров се осврна и на последното издание на издавачката куќа „Тангра“ – „Македонски алманах“. Тој објаснува дека по Балканските војни и Втората светска војна, многу Бугари од Вардарска и Пиринска Македонија се населиле во САД и Канада. Тие во 1940 година ја основале Македонската патриотична организација и решиле да издадат македонски алманах за да се зачува споменот за нивното потекло и историските настани.
Алманахот бил пишуван на бугарски јазик, од Бугари од Македонија, и претставува сведоштво за животот и идентитетот на тие заедници. По многу децении, ова дело денес е повторно издадено и нуди драгоцени историски информации.
Новото издание на „Македонскиот алманах“ ќе биде промовирано на 2 октомври во Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, под раководство на ректорот проф. д-р Георги В'лчев.
Извор: Actualno
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

