25 април 2025
• од Вардарски
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 19-годишно лице, осомничено за кривично дело – Насилство, според член 386 став 6 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 21 април, околу 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во населбата Кисела Вода. Според обвинителството, осомничениот заедно со неколку други, засега непознати лица, извршил грубо насилство врз две оштетени лица, додека сведок на нападот било и 10-годишно дете, кое претрпело чувство на несигурност, загрозување и страв.
Според наводите, додека оштетените седеле пред маркетот, групата ги нападнала и започнала да ги удира со тврди предмети, вклучително и бехатонски плочки. Од нападот, едното лице добило тешки телесни повреди, а другото – телесни повреди.
За обезбедување на непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи определување мерки на претпазливост за осомничениот. Мерките вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска за редовно јавување кај службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа, како и забрана за приближување и контактирање со оштетените лица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

