11 мај 2025
• од Вардарски
авен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, казниво по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 9 мај на улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир, каде осомничениот, управувајќи патничко возило марка „Рено Модус“, не ги почитувал сообраќајните правила и прописи. Со своето постапување сериозно ја загрозил безбедноста на сообраќајот и довел во опасност други учесници и нивниот имот.
Според обвинителството, осомничениот направил сообраќаен прекршок со тоа што не ја почитувал надолжната обележана удвоена полна бела линија и свртел налево без да се увери дека тоа може да го направи безбедно. Притоа, влегол во коловозна лента наменета за спротивен сообраќај, каде директно се судрил со мотоцикл „БМВ“ што се движел во својата лента.
Како последица од сударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен на болничко лекување.
Со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, обвинителството до надлежниот суд предложи повеќе мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска за редовно јавување кај службено лице, одземање на пасош и возачка дозвола, како и забрана за издавање нова возачка дозвола.
Постапката е во тек, а надлежните институции продолжуваат со прибирање на докази и утврдување на сите околности поврзани со несреќата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

