28 април 2025
• од Вардарски
Поранешниот пратеник Ивон Величковски во интервју остро реагираше на обидите вината за последните трагични настани да се префрли на база на етничка припадност на министрите. Според него, се прави обид вината да се насочи кон албанските министри во ресорите, додека надлежните македонски министри, како што се Јанкуловска, Спасовски и актуелниот министер Тошковски, се прикажуваат како ненадлежни.
"Не очекувам дека министерот за економија треба лично да оди и да врши инспекции. За тоа постојат институции како Државниот пазарен инспекторат. Да видиме што направил пазарниот инспекторат," изјави Величковски. Тој посочи дека кога се поднесуваат сите документи, министерот само ги потпишува, но клучното прашање е: кој ги фалсификувал тие документи, доколку тие не биле валидни?
Величковски истакна дека во конкретниот случај се гледа дека проектот не бил регуларен, дека мерките за безбедност биле сериозно запоставени и дека никој не презел одговорност за тоа. Тој праша кој му дал лиценца на архитектот на објектот и кој ја лиценцирал агенцијата за обезбедување која дозволила присуство на 500-600 луѓе во простор предвиден за само 250.
"Таму веќе 10 години се одржуваат забави, а во последниве неколку години имало забави и со пиротехнички материјали, при што сè се случувало пред очите на припадници на МВР," рече Величковски, додавајќи дека снимките јасно покажуваат присуство на високи функционери во дискотеката.
"За сето тоа сега треба да ги обвиниме Албанците? Или некого безимејно? Не! Одговорноста има име и презиме," заклучи Величковски, повикувајќи на индивидуална, а не етничка одговорност за трагедијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

