27 април 2025
• од Вардарски
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје утрово изврши увид на лице место во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Во несреќата животот го загуби 16-годишен возач на мотоцикл.
Според првичните сознанија од увидот, загинатиот малолетник управувал со мотоцикл без да поседува возачка дозвола и без заштитна кацига. Исто така, се утврдило дека се движел со брзина поголема од дозволената. При движењето, 16-годишникот не успеал да избегне електричен тротинет, со кој по коловозот управувал 14-годишен малолетник.
Во несреќата, возачот на моторот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, додека возачот на тротинетот е повреден и задржан на болничко лекување.
За точно утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки. Во тек е прибирање и прегледување на снимки од видео надзорот на местото на настанот. Наредена е и обдукција на телото на починатиот, а кај малолетниот возач на тротинетот ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции.
Основното јавно обвинителство продолжува со преземање на сите потребни дејствија за целосно расветлување на настанот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

