25 април 2025
• од Вардарски
Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордан Калајџиев, остро ја критикуваше улогата на премиерот во истрагата за трагедијата во Кочани, посочувајќи дека постапките на премиерот се недозволиви и неосновани.
„Премиерот глуми мал Вучиќ, а според законот, тој воопшто не смее да има пристап до докази во предистражна постапка“, изјави Калајџиев. Тој објасни дека според процедурите, предистражната постапка е тајна и дека доказите, како на пример лиценците, треба да останат исклучиво во доменот на Обвинителството.
„Ние сме, да не речам, банана држава, во која премиерот сака да се постави како татко на нацијата. Но, тоа веќе не поминува ниту во Србија, па зошто би поминувало тука?“, прашува професорот.
Калајџиев дополнително истакна дека Законот за кривична постапка јасно ја дефинира надлежноста на Обвинителството, кое е единствено овластено да одлучува што може да биде објавено во интерес на јавноста. „Надлежноста е јасно утврдена, и вмешување на премиерот е недозволиво“, подвлече Калајџиев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

