28 март 2025
• од Гоце Кически
Тешката трагедија која се случи во Кочани остави длабока рана во нашето општество и предизвика колективна траума која ќе остане како потсетник на потребата од сериозни промени во институциите. Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, при гостување на ТВ Канал 5, истакна дека оваа трагедија треба да биде повод за промени во целиот институционален систем на земјата.
"Ова што се случи во Кочани е една колективна трагедија и траума, нешто што ќе остави трага во ова наше општество долги години", изјави Каранфилова Пановска. "За семејствата и блиските на загинатите, па и на децата кои се повредени и се уште на болничко лекување, веројатно нема ниту зборови, ниту дела што ќе значат утеха. Но, тоа што треба да биде лекција за сите нас како општество е да ја извлечеме поуката од оваа ситуација, да ги менуваме работите за никогаш да не се повтори ваква трагедија."
Таа нагласи дека најважната поука што треба да ја извлечеме како општество е емпатијата и солидарноста, но дека тоа не е доволно. Потребни се сериозни промени во функционирањето на институциите и целокупниот систем. Според неа, оваа трагедија треба да биде поттик за поголеми промени во институционалната структура и подобрување на општествените процеси.
"Да се надеваме дека оваа криза ќе биде повод за промена, за подобрување на целокупниот наш институционален систем, нашето функционирање, подобрување на нас како граѓани", порача заменик-претседателката на СДСМ.
Каранфилова Пановска истакна дека СДСМ ќе ги стави на располагање сите свои ресурси за помош, но дека клучна е улогата на Владата во оваа ситуација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

