TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Каранфилова –Пановска: Унгарскиот кредит е најлош можен договор со највисоки камати и скриени трошоци

29 јануари 2025

• од Вардарски

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Пред речиси осум месеци премиерот Христијан Мицкоски во четири очи договори кредит од Унгарија во висина од 1 милијарда евра.

Целиот изминат период, јавноста беше под постојана пропаганда за исплатливоста на ова задолжување и убедување од Мицкоски дека со овој кредит државата економски ќе процвета и директно ќе се постигне голем економски раст.

Откако Владата конечно едвај успеа да најде начин како да го пласира кредитот до компаниите, денес сме тука да направиме детална и прецизна економска анализа на ова задолжување. Да ги презентираме клучните бројки и факти кои потврдуваат дека овој кредит е најлошиот финансиски договор за задолжување кој државата некогаш го постигнала, што јасно потврдува дека не станува збор за економски интерес на државата туку политички и можеби бизнис интерес на власта.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината бидејќи оваа одлука директно ги оптоварува нивните буџети, ги задолжува граѓаните за три поколенија.

Задолжувањето од унгарската Експорт-импорт банка, со износ од една милијарда евра,(500 милиони евра за враќање на еврообврзницата од 2018, 250 милиони евра за општините и 250 милиони евра за стопанството), отвора сериозни прашања за финансиските и институционалните импликации кои се содржани во него. Внимателната анализа покажува дека овој договор, покрај финансиските трошоци, вклучува и институционални недостатоци кои укажуваат на неподготвеност и сериозни потфрлања во процесите на водење на јавната финансиска политика.

Економските штети од овој договор се сериозни и далекусежни:

1.Каматната стапка од 3,25% годишно изгледа конкурентна во споредба со просечните каматни стапки за државни заеми во регионот. Сепак, договорената дополнителна каматна стапка од 1,95% за 250 милиони евра што ќе се пласираат преку комерцијалните банки значи дека граѓаните и компаниите ќе треба да подмират ефективна камата од 5,2%. За споредба, домашните банки нудат кредити по каматни стапки под 5% односно просечна каматна стапка од 4,78% Ова значи дека кредитите од унгарските пари не се конкурентни на домашниот финансиски пазар, т.е. ќе го чинат стопанството поскапи пари, а со тоа намален потенцијал за економски раст.

2.Еден од најкритичните аспекти на ова задолжување е провизијата од 0,5% годишно за неповлечените средства. За износ од 500 милиони евра, ова значи годишен трошок од 2,5 милиони евра, или приближно 208.000 евра месечно. Со оглед на неподготвеноста на институциите за навремено ефектуирање на средствата, државата веќе ја исплаќа оваа провизија, без реална економска корист.

Имајќи предвид дека 500 милиони евра наменети за општините и стопанството легнаа на трезорската сметка во октомври минатата година, заклучно со јануари 2025, по основ на оваа провизија државата треба да има исплатено најмалку 600 илјади евра. Ова е трошок кој директно паѓа на товар на граѓаните и е уште еден пример за финансиско неодговорно управување со јавните средства. Заради неспособноста на Владата и лошата организација на пласманот на парите, граѓаните плаќаат камати за буквално ништо.

3.Дополнителниот финансиски товар за државата не се ограничува само на каматната стапка или провизиите за неповлечени средства, туку и на скриените трошоци за правни услуги, кои носат значителен ризик. Овие правни услуги, иако дел од договорот, се директно иницирани и организирани од унгарската банка, без соодветно вклучување или консултација со македонските институции. Преку овие услуги се гарантира „заштита“ и спроведување на правата на банката според договорот, со што трошоците се префрлаат врз државата. Недостатокот на транспарентност во однос на точниот износ и деталите за овие услуги создава повеќе прашања отколку одговори: Колкав е точниот износ на овие трошоци? Зошто државата прифати да ги финансира, кога тие не се директно поврзани со нејзините интереси? Зошто Владата упорно ги крие овие трошоци? Тие не само што го зголемуваат вкупниот финансиски товар, туку и укажуваат на потенцијален недостаток на институционален капацитет за преговори и анализа на вакви договори.

За кредитот од 1 милијарда евра, државата ќе плати безмалку 500 милиони евра камати во следните 15 години – сума која можеше да се насочи кон училиштата, болниците или патиштата. Прашањето кое се поставува е, дали владата очекува дека економскиот раст ќе ги оправда овие половина милијарда евра камата? Ова е невозможно и реално тешко дека ќе се случи затоа што средствата наменети за стопанството, наместо да бидат инвестирани во нови производствени капацитети, ќе завршат за мали и краткорочни проекти кои немаат никакво влијание врз економскиот раст.

Во делот на општините реализацијата е целосно фијаско. Прво требаше да се реализираат 250 милиони евра до крајот на 2024, а до тогаш не беше речиси ништо реализирано. Од 250 милиони евра кои беа наменети за општините, досега се искористени само 78 милиони евра! Ова покажува дека мнозинството општини, управувани од ВМРО-ДПМНЕ, немаат капацитет за реализација на големи инфраструктурни проекти. Парите остануваат неискористени, додека граѓаните плаќаат камати за нив.

Почитувани граѓани,

Сите овие факти и бројки, го потврдуваат она што го говоревме од почетокот – овој кредит не е економска одлука, туку чисто политички договор. Постигнат „во четири очи“ помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и Виктор Орбан, без никаква јавна дебата, без консултации со релевантните институции, без водење сметка за интересите на граѓаните и државата. Задолжувањето е резултат на блиските односи меѓу двајца политичари, а не на реалните економски потреби на граѓаните. Тоа ја прави Македонија зависна од Унгарија и го загрозува нашиот политички и економски суверенитет.

Ова задолжување ја осиромашува државата, ги намалува јавните инвестиции и создава непотребна зависност од странски интереси. Наместо овие средства да се користат за подобрување на квалитетот на живот, тие ќе завршат во рацете на странски банки и адвокатски канцеларии. Македонските општини ќе останат со празни раце, а македонските компании со скапи кредити кои ќе го отежнат нивното работење.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ должи многу одговори:

Зошто го избра најлошиот можен договор со највисоки камати и најмногу скриени трошоци?

Зошто јавноста до ден денес не е информирана за вистинските услови и вистинската цена на овој кредит?

Колку точно пари ќе потрошиме за правните услуги кои ги наложи унгарската банка и кои исклучиво ги штитат интересите на банката, а не и на државата?

Зошто граѓаните да ги плаќаат од свој џеб каматите и трошоците на бизнисот, а ултра профитабилни компании со тие пари и со парите на граѓаните да градат трговски центри на пример?

Кои, какви и колкави ќе бидат импликациите по економскиот раст на државата и општините од ова задолжување?

Зошто доцни реализацијата на средствата кон општините и зошто наместо капитални инфраструктурни проекти во локалните самоуправи кои реално ќе го помогнат развојот на општината и подобрат животот на граѓаните најголем дел од средствата ќе се потрошат на бекатон плочки? Дали причината е тоа што Владата со лесните краткотрајни проекти во општините всушност ќе ги користи парите од унгарскиот кредит за условно кажано поткуп на гласачи во очи локалните избори?

Зошто Владата не се задолжи преку нова еврообврзница, која е поевтина и поповолна опција? Или зошто Владата не се задолжи кај било која друга меѓународна финансиска институција наместо кај унгарската Ексим банка?

И зошто парите остануваат неискористени, додека ние плаќаме камати за нив?

Владата мора да одговори за оваа неодговорна политика и за подривање на управувањето со политиката на јавните финансии и политиката за управување со јавниот долг и да објасни како ќе ја извади државата од овој финансиски и политички хаос.

Почитувани граѓани, ова е време кога треба да бидеме будни и да бараме отчетност од оние кои ја управуваат нашата држава. Задолжувањето од Унгарија е опасен договор кој ја става Македонија во подредена позиција и создава долгорочни штети за сите нас. Ние нема да престанеме да ја бараме вистината, зашто тоа е нашата должност кон вас и кон идните генерации.

За кредитот од една милијарда евра, државата ќе плати безмалку 500 милиони евра камати во следните 15 години – средства кои можеше да се насочат кон училиштата, болниците и патиштата, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска на денешената прес конференција .

-Владата мора да одговори – дали очекува дека економскиот раст ќе ги оправда овие половина милијарда евра камати? Реалноста покажува дека тоа е невозможно, бидејќи овие средства, наместо во нови производствени капацитети, ќе завршат во мали и краткорочни проекти без значително влијание врз економскиот раст, рече Каранфилова Пановска.

Дополнително, договорот со унгарската Експорт-импорт банка содржи сериозни институционални недостатоци, што покажува неподготвеност и потфрлање во водењето на јавната финансиска политика, додаде таа.

-Економските штети од овој договор се сериозни и далекусежни: Договорената каматна стапка од 3,25% годишно може да изгледа конкурентна, но дополнителната камата од 1,95% за 250 милиони евра што ќе се пласираат преку комерцијалните банки значи дека граѓаните и компаниите ќе плаќаат ефективна камата од 5,2%. Ова ги прави кредитите од унгарските средства поскапи од оние што веќе ги нудат домашните банки, каде што просечната каматна стапка е 4,78%.На долг рок, ова задолжување ќе го намали потенцијалот за економски раст и ќе создаде дополнителен товар за граѓаните и стопанството, рече заменик претседателката на СДСМ.

Владата мора да сноси одговорност за ова штетно задолжување и јавно да објасни како планира да ги намали негативните последици од овој договор врз економијата и граѓаните.

-Ова задолжување ја осиромашува државата, ги намалува јавните инвестиции и создава непотребна зависност од странски интереси. Наместо овие средства да се користат за подобрување на квалитетот на живот, тие ќе завршат во рацете на странски банки и адвокатски канцеларии. Македонските општини ќе останат со празни раце, а македонските компании со скапи кредити кои ќе го отежнат нивното работење, рече Каранфилова Пановска.

Каматната стапка од 3,25% годишно изгледа конкурентна во споредба со просечните каматни стапки за државни заеми во регионот. Сепак, договорената дополнителна каматна стапка од 1,95% за 250 милиони евра што ќе се пласираат преку комерцијалните банки значи дека граѓаните и компаниите ќе треба да подмират ефективна камата од 5,2%, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска на денешната прес конференција.

За споредба, додаде таа,  домашните банки нудат кредити по каматни стапки под 5% односно просечна каматна стапка од 4,78%.

-Ова значи дека кредитите од унгарските пари не се конкурентни на домашниот финансиски пазар, т.е. ќе го чинат стопанството поскапи пари, а со тоа намален потенцијал за економски раст, потенцираше Каранфилова – Пановска.

Дополнителниот финансиски товар за државата не се ограничува само на каматната стапка или провизиите за неповлечени средства, туку и на скриените трошоци за правни услуги, кои носат значителен ризик, додаде таа.

-Сите овие факти и бројки, го потврдуваат она што го говоревме од почетокот – овој кредит не е економска одлука, туку чисто политички договор. Постигнат „во четири очи“ помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и Виктор Орбан, без никаква јавна дебата, без консултации со релевантните институции, без водење сметка за интересите на граѓаните и државата. Задолжувањето е резултат на блиските односи меѓу двајца политичари, а не на реалните економски потреби на граѓаните. Тоа ја прави Македонија зависна од Унгарија и го загрозува нашиот политички и економски суверенитет, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега