13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Дали верските објекти станаа дел од нечии мрачни агенди и дестабилизациски планови во предизборниот период?
По тврдењата на Аднан Азизи, шеф на Централниот изборен штаб на коалицијата Вреди, и лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, предупреди дека постојат планови за палење на џамијата на Попова Шапка. Веста ја објави информативниот портал „Тетова сот“.
Според „Тетова сот“, на митинг во Теарце, Азизи упати сериозни обвинувања за можна намера за запалување на џамијата. Следниот ден, Касами ги потврди овие зборови, нагласувајќи дека постојат индикации и за можни меѓуетнички судири.
„Информациите, како од земјава така и од соседството, укажуваат дека неодамнешните инциденти со тепачки биле поттикнати од такви елементи. Во случајот со џамијата на Попова Шапка, безбедносните институции се информирани и внимателно ја следат ситуацијата. Дадени се препораки тие да бидат активни 24 часа и да не дозволат поединци да предизвикуваат конфликти за политички цели во предизборниот период,“ изјави Касами.
Тој додаде дека собраните факти и аргументи ќе бидат доставени и до странските амбасади во земјата.
Албанските опозициски партии веднаш побараа Обвинителството да покрене итна истрага за изјавите на Азизи и Касами и да ја открие вистината околу можните закани.
„Тетова сот“ известува дека постојат сериозни сомневања дека ваквите наводи може да се дел од дестабилизациски сценарија насочени кон создавање на тензии меѓу заедниците во чувствителен предизборен период.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден