01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
По официјалниот банкрот на „Лајконет“, вниманието на јавноста сè повеќе се насочува кон нејзиниот промотер во Македонија, Зоран Витанов, кој е и мал акционер во „Мај Ворлд“ – компанијата сопственик на „Лајконет Австрија“. Дел од членовите кои инвестирале во оваа шема вчера соопштија дека веќе немаат пристап до апликацијата преку која функционирале нивните сметки и кешбек програмата.
Адвокатот Јанаки Митровски јавно го прозва Витанов на „Фејсбук“, пишувајќи:
„Зоран ти си цар. Ги превесла луѓево и сега си ги бушиш. Така и треба за лековерци кои веруваат дека можат да си купат јахта во Монако со cashback.“
На ваквиот коментар Витанов возвратил остро:
„Ако не се лажам, вие сте адвокат. Не критикувајте нешто што не сте го разбрале. Пред да претпоставите измама, претпоставете си го сопственото незнаење.“
Митровски веднаш одговорил дека никаде не употребил зборот „измама“, по што Витанов заклучил: „Одлично. Тоа сакав да слушнам.“
Покрај адвокатот, Витанов не ги поштеди ни новинарите. Тој ги обвини дека ширеле дезинформации без да го побараат за став:
„Само двајца новинари ми се јавија – од ‘Фактор’ и ‘Пари’. Сите други пишуваа, објавуваа слики и дезинформираа, без воопшто да ме контактираат. Кога новинари и адвокати свесно шират лаги, тогаш јасно е кој манипулира.“
Во својата реакција, Витанов наведе и поделба:
Во меѓувреме, членовите на „Лајконет“ во Македонија веќе не можат да ги користат поволностите на кешбек системот. Вчера и „МајВорлд“ и „Лајконет Македонија“ ги затворија своите официјални веб-страници, а апликацијата е деактивирана.
Според првичните информации, ова е направено на барање на надлежните институции во Австрија, затоа што и покрај отворениот стечај, компанијата продолжила со рекламирање.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден