15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Неодамна во Штип се случи несекојдневен и вознемирувачки настан – случај на киднапирање во кој и жртвата и напаѓачката се вработени во Министерството за внатрешни работи.
Жртвата е 21-годишната М.С. од Штип, која работи во СВР Штип. Напаѓачката е 28-годишната Ј.Н. од Кочани, вработена во Полициската станица Кочани. Според официјалните информации, Ј.Н. заедно со уште едно лице ја киднапирала колешката, користеле физичка сила и ја пренеле во населба во Штип. Дополнително, дел од настанот бил и снимен.
Инцидентот се случил на 14 септември 2025 година, околу 07:50 часот. Полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н. и ја привеле за понатамошна постапка.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот е целосно документиран и против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава. Случајот предизвика големо внимание во јавноста бидејќи станува збор за лица кои се дел од институцијата што треба да гарантира безбедност и ред.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден