04 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во време кога Северна Македонија се соочува со сериозни предизвици на полето на меѓуетничките односи, реакциите – или поточно, молкот – на албанските политички претставници повторно ја отворија болната тема: зошто тие молчат кога најмногу треба да зборуваат?
Еден пријател од Тирана ме праша: „Како е можно премиерот со неколку албански министри во владата, и претседателката со албански советник, да не се вознемижат и да не се дистанцираат од антиалбанските шовинистички извици кои се слушнаа во Куманово за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија?“
Одговорот, иако болен, е едноставен: албанските политичари се Албанци само додека не станат дел од власта. Кога ќе седнат во министерската фотелја или станат советници на македонски државници, нивната единствена задача станува да ги бранат своите „работодавачи“ од сопствениот народ и да стекнат наклонетост од нив. Тие забораваат дека таму се токму поради тоа што се Албанци, не поради некоја исклучителна експертиза или заслуга.
Овој синдром не е нов. И денешниот советник на претседателката и самата претседателка беа дел од владата на Црвенковски – влада која, да не заборавиме, беше обележана со случаи на насилство врз Албанците. Тие денес се претставуваат како демократски европејци, но ја задржуваат истата ароганција и нечуствителност кон гласот и болката на албанскиот народ.
Затоа денес, најдобро покритие за антиалбанизмот во Македонија не се самите шовинисти, туку токму нашите министри и советници – оние од редовите на ВЛЕН и сличните структури без достоинство и политички интегритет.
Можеби е време Албанците да престанат да ги поддржуваат таквите политичари кои стануваат дел од проблемот, наместо дел од решението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

