24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Инвестициите во патната инфраструктура се меѓу клучните двигатели за развојот на државата и локалната самоуправа, истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на денешната панел-дискусија во рамки на настанот „Саем-Отчет“ под наслов „Четири години инвестиции во инфраструктурата“.
Трајановски посочи дека во изминатата година, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, значително се вложува во изградбата и реконструкцијата на државните патишта. Како што нагласи, тоа е резултат на заедничка и координирана работа меѓу Владата, ресорното министерство, јавните институции и локалната самоуправа.
„Во изминатата година дена завршивме и пуштивме во употреба 101 километар експресни и регионални патишта во вредност од околу 200 милиони евра. Сето ова е резултат на тимската работа – Јавното претпријатие, Владата, Бирото за проценка, Управата за имотно-правни односи, Катастарот и други институции,“ изјави Трајановски.
Меѓу најзначајните инфраструктурни проекти кои се реализирани, Трајановски ги издвои:
Тој потенцираше дека голем дел од овие проекти биле затекнати во застој или во минимална фаза на изведба, но со координација и поддршка од институциите успеале да ги довршат и да ги стават во функција.
„Сите овие патишта беа наследени во закочена или во многу блага форма на изработка. Ние успеавме заедно со Владата и министерството да ги реализираме и за кратко време да ги изградиме,“ додаде Трајановски.
Според него, инвестициите во инфраструктурата не се само капитални вложувања, туку и предуслов за побрз економски развој, подобра поврзаност и полесно функционирање на локалните заедници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

