16 мај 2025
• од Гоце Кически
Британскиот премиер Кир Стармер денеска откри дека Владата на Обединетото Кралство започнала официјални разговори со неколку балкански земји за создавање на „центри за враќање“ по моделот на Руанда, каде што би се испраќале одбиени мигранти.
Иако Стармер одби да ги именува конкретните држави со кои се водат преговорите, дипломатски извори укажуваат дека меѓу нив се Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Тој изјави:
„Во соодветен момент ќе можам да споделам повеќе детали за ова прашање.“
Оваа објава доаѓа само неколку часа по социјалната објава на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во која тој најави дека Скопје и Лондон потпишале Договор за стратешко партнерство. Засега нема официјална потврда дали ова партнерство директно се однесува на миграциските центри или станува збор за поширока соработка.
Прашањето сега е: дали „стратешкото партнерство“ се однесува токму на овие контроверзни планови за мигрантски центри, или станува збор за нешто поразлично?
Одговорот, според премиерот Стармер, ќе дојде „во соодветен момент“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

