16 март 2025
• од Вардарски
Во изјава за медиумите, јавниот обвинител Љупчо Коцевски вели според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи и натаму трае увидот во изгорениот објект на влезот во градот.
Тројца јавни обвинители вршат увид на местото на пожарот во Кочани и ги прибираат сите потребни докази.
Државниот обвинител најави повеќе информации по завршување на увидот, кога ќе се издадат наредби и бидат сослушани повеќе лица.
– Можам да гарантирам дека истрагата ќе биде навистина целосна, брза. Ќе ангажираме вештаци од сите области, така што ќе ги видиме причините и ќе видиме чија е одговорноста, рече Коцевски.
Коцевски кажа дека во моментот јавните обвинители издаваат наредби во однос на одговорноста како хоризонтална, така и вертикална и евентуалните лица што можат да бидат инволвирани и да има одговорност во овој настан.
Инаку, обвинителот не откри колку лица досега се приведени, посочувајќи дека во текот на денот и за тоа ќе биде информирано.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

