24 април 2025
• од Вардарски
Даниела Колева, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, остро ја критикуваше актуелната власт предводена од ДПМНЕ, обвинувајќи ја за расипничко трошење на државните ресурси во време кога илјадници граѓани живеат во сиромаштија. Во нејзиното гостување во „Студио 10“ на 24 телевизија, Колева истакна дека додека околу 500.000 граѓани живеат со само 150 денари дневно, владата троши на луксузи како егзотично овошје и скапи патувања низ светот.
„Веќе една година гледаме само лошо управување, каде што граѓаните се заборавени. Владата се расфрла со два тона егзотично овошје и организира патувања без јасна цел, и сето тоа на товар на народните пари“, изјави Колева.
Таа нагласи дека животниот стандард на граѓаните драстично опаднал, при што растот на цените не е контролирано, а основните потреби на семејствата се оставени без внимание. Колева направи споредба со времето на владеење на СДСМ, наведувајќи дека тогаш платите растеле, и просечната плата покривала 90% од синдикалната кошничка. Денес, според неа, дури и две просечни плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци.
„Премиерот зборува за поддршка на многудетни семејства, а во исто време државата пресметува минимални трошоци за семејство со три члена. Тоа е класична манипулација. Луѓето се приморани да се задолжуваат за да преживеат“, додаде Колева.
Особено загрижувачки, според неа, е состојбата на ранливите категории – семејства со лица со попреченост, еднородителски домаќинства, болни од карцином, студенти и средношколци – за кои речиси и да нема поддршка.
Колева потсети дека во времето на СДСМ биле реализирани значајни мерки за помош на граѓаните, како што се поврат на ДДВ, субвенциониран студентски оброк, регрес за одмор, како и покачувања на платите. Денес, како што рече, дури и платите во културниот сектор се исплаќаат со задоцнување.
„Нема ниту една мерка за подобрување на животниот стандард. Сведоци сме на 30% поскапа струја, укинување на субвенции, а од друга страна – луксузни патувања со приватни авиони, Дубаи, Америка, Будимпешта. Владата стана туристичка агенција. Од сето тоа, граѓаните не гледаат никаква корист“, заврши Колева.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

